Шумливи млека и јогурти
Според FDA – американска агенција за храна и лекови, млекото во количина од 228грама или околу 2dl една голема чаша, треба да содржи 20% од дневната потреба за минералот Ca-Калциум. Потоа витамин А, Ц и секако млечни масти кои одредуваат дали е полномасно или посно млеко.
  Еден од популарните бизниси во Македонија е да се работи со погон или фабрика за производство на млеко, бизнис во млечна индустрија. Овој бизнис на т.н млеко преработувачи носи профит, многу профит иако според фармерите-млеко произведувачите многу профит од млеко зачудува, како е можно толку да се заработува? Се поставуваат многу прашања на оваа тема но тоа што најмногу предизвикува незадоволство кај фармерите е продажната цена за природното млеко, кравјо млеко што тие го нудат на сопствениците на погони и фабрики. Поради премногу ниската цена на природното млеко, која се нуди за откуп, фармерите изразуваа јавно незадоволство со штрајк. Пред телевизиските камери можевме да видиме како се истураат ,,фонтани со млеко“ по улиците низ Македонија. И за тоа време се поставуваа прашања: како е можно во Македонија да има толку фабрики-млеко преработувачи и сите да заработуваат одлично? Прашање кое отвара многу сомнежи!                                
  Мала ретроспектива за настани кои се случуваа во времето на Југославија. Во наша близина, на локација во населба Маџари, постоеше „Млекара“ фабрика која произведуваше млеко и млечни производи наменети за СФРЈ. Производите беа толку квалитетни што постарите луѓе, нашите баби, дедовци и нашите татковци и мајки, стануваа рано во 5 часот за да купат млеко или јогурт. Се чекало на ред и околу 5.30-6.00 часот веќе почнувала продажбата на млечните производи. ,,За внучињата...“ велеа дедовците и бабите. Така беше во времето на Јосип Броз Тито а по неговата смрт, неколку години подоцна во 80-те квалитетот на млекото почна да се намалува. 

Бивша „Млекара“ во нас. Маџари, фото: Игор Манев

  Што беше причината за тоа? Пред повеќе од 30 години истите редовни купувачи приметија дека млекото во фрижидер по подолго време се издвојува. Во шишињата можеше да се види дека млекото, како потешко, се таложеше на дното а најгоре се издвојуваше течност. Проѕирна течност која не наликуваше на млеко, тоа беше чиста вода. Тоа беше првиот доказ дека млекото се меша со вода. Всушност, тоа и не беше повеќе млеко туку мешавина микстура од млеко и вода. Реакцијата на родителите и бабите и дедовците беше или преку платно да се филтрира микстурата во друго шише, сад, или пак да се истури комплетно целата микстура во WC шоља. „Нема нашите внучиња да пијат такво млеко!“
Колку за информација, вистинската рецептура за квалитетно млеко е однос 5:2 или 3:1, повеќе млеко и помалку вода. Млекото природно во себе содржи вода но доколку содржи повеќе вода истата се издвојува на површината во сад. Причината за тоа е присуството на минералот Са-Калциум кој создава талог на дното од шишето и затоа природното млеко се наоѓа долу а на површината се издвојува вода Н2О.                                                                  
  Денес, од бившата ,,Млекара“ не остана ништо повеќе освен руини кои потсетуваат на хаваријата во Чернобил, заради грешка на операторите. Сведоци сме на комплетно уривање на целиот објект и нивно расчистување со механизација. Сопственик на овој плац е најверојатно С.Ј. кој исто така е и сопственик на Царински склад во индустриската зона по Хиподромот, во кој се наоѓа и коњичкиот клуб ,,Илинден“, покрај автопат Александар Македонски.

Нуклеарната централа Чернобил, Украина, по хаварија, фото: интернет

  Следната афера беше уште пострашна бидејќи претеше директна опасност по здравјето на луѓето. Радиоактивно млеко во прав кое беше складирано во 3 цестерни и на пат за Македонија беше откриено од нашите служби на македонската граница. Правта беше контаминирана со радијација од Украина по несреќата во атомската централа на Чернобил која се случи на 26 Април1986 година. Некое време подоцна македонски „бизнисмени“ се досетиле дека радиоактивното млеко во прав можеби ќе пројде низ царинските контроли и со преработка би се нашло на македонските трпези. За среќа тоа не се случи заради совесноста на нашите служби.     Што ќе се случеше ако најмладите и македонските дечиња пиеја од ова млеко? Истото што и во Украина неколку години подоцна. Ќе се раѓаа бебиња со физички дефекти, без очи, уши, нос, раце, нозе ...Радиоактивноста има моќ да ја уништува генетската структура на клетките, ДНК и РНК, кои се носители на генетскиот човечки код. Тоа е причината зошто бебиња во Украина носеа генетски изменети кодови и се раѓаа со физички недостатоци или други вродени мани на внатрешни органи.
  Причината зошто македонските ,,бизнисмени“ се решиле на ваков чекор е секако ниската куповна цена на озраченото млеко во прав и продажната цена на истото млеко. На тој начин би се добил супер профит доколку млекото се продадеше низ македонските маркети, без притоа да се размислува за страшните последици по македонското население.                                                                                                                                              
  Во процесот на производство на млеко, од молзењето на кравите до транспортот и преработка на сировото млеко во фабриките-млекопреработувачи, не беа поштедени ниту самите крави. Донација од Швајцарија, со расни швајцарски крави кои создаваат многу повеќе млеко од обичните, а наменети за фарми во Скопските села. Но кравите беа на мизерен начин запоставени. Нашите телевизиски камери успееја да снимат и докажат дека донираните високо квалитетни крави биле оставени да гладуваат до работ на животна егзистенција. Што навистина се случи понатаму со симболот на Швајцарија, кравите, до ден денес не е целосно објавено на транспарентен начин во детали.                                                                                                                              
  Предпоследната голема афера беше секако фабриката „Swedmilk“ која уништи многу фармерски фамилии. Поради лажните ветувања и лажните договори кои фармерите ги потпишале со директори на „Swedmilk“. Во тие опасни договори, еден од условите за склучување соработка, било запишано дека доколку фармерите се согласуваат тогаш „Swedmilk“ ќе им овозможи, посредува, позајмици на поголеми суми на пари од банките во Македонија. Гаранција дека парите ќе можат да се вратат на банките а фармерите да добијат профит, било ветувањето дека „Swedmilk“ ќе работи долго време. Последиците беа катастрофални на сметка на фармерите, многумина го загубија имотот а некои од нив дури и животот неможејќи да преболат во каква несреќа ги стави неповратно оваа фабрика за преработка на млеко. Кратко време по аферата „Swedmilk“ престана да работи.        
  Од сите овие примери може да се заклучи дека криминалците во млечната индустрија имаат негативен пристап кон природното и квалитетно млеко а афинитет кон вештачките варијации на млеко. Причината е едноставна, малку трошок а супер профит.                                                                                                                                          
  За да можеме да разговараме за природно и квалитетно млеко треба најпрвин да се знаат состојките или нутритивните факти. Според FDA – американска агенција за храна и лекови, млекото во количина од 228грама или околу 2dl една голема чаша, треба да содржи 20% од дневната потреба за минералот Ca-Калциум. Потоа витамин А, Ц и секако млечни масти кои одредуваат дали е полномасно или посно млеко. Посните млека се популарни меѓу нашата популација бидејќи помага во контрола на телесната тежина. Но тоа е само заведување на македонските граѓани бидејќи вистинските вредности ниту се правилно дозирани ниту пак се запишани на амбалажата од млекото, јоруртот и другите млечни производи.                                                                                                                                                                                 
  Процентот на Калциум во природното млеко изнесува 20% од RDI на 228gr. млеко, односно околу 220mg. на Калциум во 228gr. млеко. Препорачана дневна доза RDI за Калциум изнесува 1000mg, така да 20 % од оваа вредност изнесува 200mg Калциум во една голема чаша од 2dl. Но, проблемот е што во нашите млека и јогурти кои се продаваат во маркетите ширум Македонија воопшто не пишува декларација за присуство на Калциум дозволени според FDA. Имено, само во ретки случаи можете да прочитате дека на амбалажата на млеко и јогурт има присуството на Калциум од 120mg на 100gr млеко. На производите каде не е истакнато присуството на Са не се знае дали воопшто станува збор за природно млеко, дали се меша со вештачки прашок на чист Калциум или пак, се меша со млеко во прав. Млекото во прав е обогатено вештачки со повеќе минерали и протеини но исто така многу лесно се меша со течност односно вода.                                                                                                         
  Како што веќе напишав предходно, погоре, Са-Калциумот создава талог и така се добива повеќе на тежина. Значи, криминалот е во тоа што намерно се додава поголемо количество на вештачки Калциум за да се профитира на тежина. Стара трговска финта! 


  Но сега се поставува вистинското прашање дали ние воопшто пиеме некаква мешавина на природно млеко, млеко во прав или пак мешавина од вода-Н2О и Са-Калциум? Кои се нутритивните факти? Минатата година во Македонскиот парламент се говореше токму на оваа тема, а тоа беше нутритивните вредности. Расправии и препукувања кои и по една година не донесоа никакви резултати во млечната индустрија. Затоа што и понатаму не се отпечатени вистинските состојки на амбалажата од млекопреработувачите-фабриките за производство на млеко и млечни производи. Со фактот дека нутритивните вредности се кријат се покажува дека сомнителни работи навистина се случуваат. Каде може да се најде Калциум во храната ако тоа не е во млеко и млечни производи?                                                                                                                                                                   
  Што се случува со Агенцијата за храна во Македонија? Дали тие ги знаат овие податоци или пак и таму се работи со инспектори кои се партиски или финансиски компромитирани? Единствени брендирани млечни производи кои имаат некакви, колку толку, податоци за нутритивните факти се Македонските Бимилк-Баланс, Бучен Козјак кисело млеко и Хрватски Z'bregov-Збрегов јогурт и млеко. Сè останато е Тabula rasa-празна табла. 
  Според ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА, член 4 и 7, се објаснува за можни дејства кои можат да го нарушат здравјето на луѓето. Но не се прецизира за какви дејства се работи бидејќи за да се наруши човечкото здравје мора да се наведат материи или агенси кои предизвикуваат опасност. А Проценката за ризикот од опасните материи ја прават научници. Кои се тие научници со име и презиме и што процениле научниците не е јасно воопшто, ниту пак има некакви конкретни податоци за тоа. Заклучокот е дека во Македонија се консумираат млека и млечни производи по рецептура Турлитава, познат поим кој означува храна во која се става било што.         
  Зошто го велам ова? Бидејќи во ПРАВИЛНИК ЗА НУТРИТИВНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ТВРДЕЊА ВО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЦЕЛИ ПРИ ОЗНАЧУВАЊЕ, ПРЕЗЕНТАЦИЈА И РЕКЛАМИРАЊЕ НА ХРАНАТА во член 6 и член 7 само штуро се наведени неколку основни општи нутритивни и здравствени поими како на пример: Протеини, Јагленохидрати, Масти, Влакна, Натриум, Витамини и Минерали во кои не се наведени никакви детали, оние вистинските детали. Тие се всушност хранливите состојки кои мора да постојат во составот на млекото и млечните производи. Ако не постои законски присуство на Калциум тогаш се поставува прашање што всушности ние пиеме, дали е млеко или коктел од разни хемиски препарати кои личат на млеко?                                                                                              
  Од минералите се спомнува само Натриум- Na за чие присуство во млечните производи не постои никаков податок. Присуството на Натриум се однесува општо за храната но никакви индиции за млеко и млечни производи. За да биде трагикомедијата поголема овој минерал е издвоен од групата на минерали, во законот член 6 и е ставен како посебна група, категорија. Зошто се издвојува Натриумот а не Калциум?                                          
  Втората забуна заради нечија неписменост, а најверојатно се работи за т.н. „стручни лица-научници“, е тоа што Натриумот се споредува со Готварска сол. Натриум е хемиски елемент а Готварската сол е Натриум Хлорид, молекула во која се наоѓа Натриумот. Едното и другото не можат да бидат исто. Дали постои партиско протежирање на фирма која учествува во производство на Готварска сол/Натриум?                                                
  Во делот каде се спомнуваат Протеини повторно општи објаснувања без конкретни податоци кои се однесуваат на млекото. Имено, основниот протеин во млекото е Казеин и без негово присуство тоа не е млеко. Вештачки додавања на други протеини можат само да приготват млеко во форма на Боза.                                                        
  Најстрашната компонента во микстурите на млеко е всушност Оxycholesterol-Оксихолестерол кој се наоѓа во изобилие, преку 30μg/g, во производи како млеко во прав. А оваа опасна материја не е забранета законски во законот за безбедност на храна и правилникот.
Проблемот со млекото во прав е во тоа што содржи големо количество на oxycholesterol кој всушност претставува оксидирана форма на холестерол. Во што е штетноста на овој стерол? Штетата е во тоа што предизвикува создавање на плаки во крвните садови и предизвикува срцев инфаркт или мозочен удар. Со други зборови редовното консумирање на т.н. ,,природно“ млеко, кое во составот содржи и млеко во прав, со сигурност ќе ви предизвика зачепување на крвните садови и ќе ви го наруши вашето здравје.                                                         
  Во законот се посветува посебно внимание на Енергетските вредности на храната, изразени во Ј-џули. Овие податоци се популарни посебно во светот на Фитнес, Боди билдинг и разни диететски препарати за слабеење но тоа нема никаква врска со Медицина. Потенцирам дека како манипулација со диететските препарати е лажното „ветување“ за подобрување и можно излекување на болните од канцер.                                                                  
  Некои фабрики или погони во Македонија за производство на млеко, како свои директни советници ги користат знаењата на спец. Стоматолози и така заеднички влегуваат во злоупотреба и криминал на рецептурите за производство на природно квалитетно млеко и млечни производи. Имено, најголемиот „непријател“ на Стоматолозите е минералот Са-Калциум бидејќи доколку го има во доволно количество тогаш забите на македонските граѓани ќе бидат здрави. Но, доколку е присутен варијанта на Са во форма која тешко се апсорбира во организмот тогаш кај сите нас ќе се јави недостаток на Калциумови јони во крвта и секако појава на Кариес на забите. Калциумот во природното млеко многу лесно се апсорбира во организмот. Млечниот шеќер Лактоза и млечниот протеин Казеин се потполно природни состојки во најчесто консумираното кравјо млеко. Доколку овие состојки недостасуваат заедно со Са тогаш, на тој начин сите ние стануваме одлични кандидати за Стоматолозите. 

Забен Кариес, фото: Shutterstock

  Млекото во прав е достапно на полиците во скоро сите маркети и супермаркети во Македонија но малку се тие кои го купуваат. Најпознатиот бренд е Nestle и нивниот производ Nido млеко во прав. Но, зошто некој би купувал млеко во прав покрај природното млеко? Одговорот е дека млекото во прав има многу голем период на траење, без да се расипе неговиот квалитет. Тоа е исто така една од причините зошто млекопреработувачите додаваат и мешаат со млеко во прав. Оваа нелегална рецептура долго трае во нашите домашни фрижидери.
  Млекото во прав се купува доколку кампувате на места каде нема продавници, на планина и посебно во летните периоди. Цената е достапна и со 500гр. прашок можете да добиете колемо количество на млеко доколку го помешате со вода. 

Производи од млеко во прав

  Криминалот е во тоа што сите ние купуваме млеко мислејќи дека е природно а всушност на целата македонска популација ни се подметнува некаква мешавина во која сигурно има млеко во прав. Притоа, цената е иста како да се работи за природно квалитетно млеко а всушност тоа што го купуваме ниту од далеку не е природно туку вештачко. Вештачкото млеко во прав е многу, многу поефтино. Разликата во цената оди во џебот на млекопреработувачите. Проблемот не е во тоа што се продава млеко во прав туку во тоа што млекопреработувачите не лажат сите нас дека продаваат природно квалитетно млеко.                                           
  Користа од редовно консумирање на нормални препорачани дози RDI=1000mg. придонесува за нормална минерализација на коскениот систем во човечкиот организам и создавање на целосна коскена маса. Ова е многу важно за децата во раст и развој бидејќи таа коскена маса што ќе се создаде во овој период на интензивен раст останува за цел живот. А внесувањето на храна богата со Калциум во текот на животот само го одржува нивото на минералот во нормално ниво. Доколку има недостаток од Са јони тогаш организмот самиот си зема од нашите коски, процес на деминерализација, за задоволување на нормални физиолошки потреби.                    
  Лажна, двосмислена или информација која доведува до заблуда на потрошувачите е опасна појава. Колку за потсетување ќе го спомнам и Афла токсинот пронајден во млеката во Кина кој предизвика страшни последици по здравјето на најмладите, бидејќи првенствено таргет орган на овој токсин беа бубрези.
Затоа што млечните производи се достапни во сите градинки, локали, ресторани и нашите домови многу е важен нивниот квалитет. Секој криминал преку изнесување на лажни вредности за производот, на неговата амбалажа, предизвикува неповратна штета на организмот кај најмалите деца, тинејџери и возрасна популација.                              
Пишува: Игор Манев
Датум: 29 Април 2016